ДУИ: Етничкиот македонски монопол врз моќта заврши, граѓаните сега имаат трета опција

„Во минатото имаше само две опции за тоа кој ќе биде следниот Премиер на Северна Македонија. Секогаш беше фактичка ситуација дека Премиерот на земјава ќе биде од кандидатите на СДСМ или ВМРО. Овој пат, за прв пат во нашата историја, е различно, се има избор“, порачуваат од ДУИ, продолжувајќи со кампањата за прв етнички Албанец за премиер на Македонија, без да го објават името на кандидатот.

„Овој пат, граѓаните имаат три опции: Двајца кандидати македонци од македонските партии – или пак за прв пат во историјата еден кандидат Албанец за Премиер на нашата земја, Претседател на Влада кој ќе ги претставува не само македонските партии, туку Премиер кој ќе ги претставува и Албанците граѓани и сите други во нашата земја, без разлика на нивната етничка припадност“, велат од ДУИ, додавајќи:

„Етничкиот македонски монопол врз моќта заврши. Ако зборуваме за едно општество, тогаш е време за еднаква распределба на моќта и можностите“.

Понатаму во соопштението, интегративците посочија на дадените жртви и понатамошната потреба за борба за права:

„Денес, пред 21 година, НАТО влезе на Косово од Македонија и донесе мир и слобода за нашите браќа и сестри. Тогаш, нашите сонародници и многу други ги жртвуваа своите животи за нивните права и животи. Денес, времињата се променија, веќе нема војна и сите живееме во слобода, еднаквост во многу полиња и имаме можности пред нас.

Но сеуште имаме потреба да се бориме за нашите права, за целосна еднаквост и можности. Овој пат, тоа го правиме преку демократски избори, преку нашиот глас. Но едно нешто е слично, а тоа е дека никој не веруваше во почетокот дека Албанците ќе победат. Тоа го докажавме тогаш и ќе го докажеме сега, кога сме обединети, можеме да постигнеме сѐ.

Прочитајте и:  Влен: Претставници на ДУИ, СДСМ и Пендаровски во март се сретнале во Вила Водно за враќање на Груевски

Во политиката во нашата земја, Албанскиот глас секогаш бил пресуден. На последните избори во 2016 година, ние Албанците ја донесовме промената и го избравме Зоран Заев за Премиер иако грашаните на тие избори гласаа и одлучија различно а тој беше втор на тие избори. Овој пат, Албанскиот глас истотака ќе биде пресуден. Но овој пат, ние Албанците, сите заедно, по изборите, ќе поддржиме наш кандидат за прв Албанец премиер на земјата“.

Според ДУИ, премиер Албанец ќе значи чекор кон целосна еднаквост и следно ниво на демократија во Северна Македонија.

„Моќта не им припаѓа веке екслузивно само на двете македонски партии во црно бел свет. Граѓаните одлучуваат и овој пат, за прв пат, граѓаните имаат трета опција, троен натпревар.

И за трета опција нема да гласаат само Албанци, туку сите заедници ќе гласаат за нашиот кандидат за премиер затоа ги каниме и сите македонци, и сите други заедници кои што се разочарани од страна на црно белиот свет на двете македонски политички партии да гласаат за Премиер кој што не е од СДСМ или ВМРО, туку Премиер на сите и за сите. На овие избори, пишуваме историја заедно за да изградиме заедничка иднина.

На овие избори, да ја постигнеме целосната еднаквоста и да го завршиме етничко – партискиот монопол врз позицијата на Премиер на Северна Македонија“, се вели во соопштението.

„Три опции за Премиер, двајца Македонци, еден Албанец, за кого ќе се одлучиш ти?“, прашуваат од ДУИ на Фејсбук:

- Реклама -