ДУИ: Измените во КЗ ги бараше и Мицкоски, но по оддалечувањето од поранешното раководство тој се повлече од барањето

Демократската унија за интеграција (ДУИ) денеска преку партиско соопштение порача дека будно ја следи, како што велат, „големата загриженост во редовите на ВМРО-ДПМНЕ и длабоките поделби“ меѓу силите за интеграција против оние за изолација.

„Оваа внатрешна битка е меѓу силите во ВМРО кои се залагаат за интеграција на земјата во Европската Унија и оние кои претпочитаат изолација се одвива на грб на државата и нејзините граѓани, но и преку злоупотреба на институциите, процесите во земјата, како и политичките партии и партиските лидери“, тврдат од ДУИ.

Од партијата посочуваат дека партискиот лидер Али Ахмети во последното интервју говорел за преговарачкиот процес во Пржино и средбите со г-динот Заев и г-динот Груевски на тема надминување на состојбите преку процесот на вистината и помирувањето.

„На овие средби на лидерите во Клубот на пратеници, кои се одржани со знаење на меѓународната заедница и партиските раководства, беше формирана работна група во состав: Оливер Спасовски, Никола Тодоров и Артан Груби“, се наведува во партиското соопштение.

Прочитајте и:  ВМРО-ДПМНЕ: Каранфилова Пановска е уште една продолжена рака на Заев во СДСМ

ДУИ нагласува дека измените во Кривичниот законик првично биле побарани од страна на ВМРО-ДПМЕ пред уставните измени за Договорот од Преспа.

„Потоа, Кривичниот законик беше барање и на новиот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на лидерските и билатералните средби, но по неговото оддалечување од поранешното раководство на ВМРО-ДПМНЕ и покрај согласувањето на СДСМ, тој се повлече од ова барање. Ниту државата, ниту граѓаните, ниту медиумите, ниту Американците и Европејците, ниту СДСМ и ДУИ не се непријатели на ВМРО-ДПМНЕ, туку сите прогресивни сили во државата се залагаат ВМРО да се откаже од својата изолационистичка политика и да станe дел од европска Македонија“, истакнуваат од ДУИ.

- Реклама -