ДУИ: Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да гласаат за уставни измени и да се поклонат пред споменикот во Слупчане

Албанците едногласно сметаат дека ВМРО-ДПМНЕ и нејзиниот лидер Христијан Мицкоски се антиалбански и антиевропски настроени, што тие тоа го докажале со своите постапки сега и во минатото, велат од ДУИ.

Тие го повикаа Мицкоски да престане, како што тврдат, да дава насоки на своите градоначалници да не издаваат дозволи за градба и потврди за законска легализација на Албанци. Наместо да забранува доделување на работа на албански фирми, треба да им дозволи на своите пратеници да гласаат по своје убедување, порачуваат „интегративците“.

„Демократската унија за интеграција повеќепати предупредуваше на антиалбанизмот што го практикуваат ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски на локално ниво преку општините што тој ги предводи, па затоа апелираше итно да престанат овие акции и првиот човек на ВМРО ДПМНЕ да се врати во улици точно, онака како што бараат граѓаните“, се вели во партиското соопштение на ДУИ.

Тие ја повикаа опозицијата да гласа за уставните измени.

„Дека ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски се и антиевропски, јасно покажува нивниот пристап кон државните интереси и во овој случај ставање партиски и лични интереси на прво место и не размислување во ниту еден момент за иднината на граѓаните и државата, како што бараат и нашите меѓународни пријатели“, тврдат од ДУИ, додавајќи дека сметаат дека во редовите на ВМРО-ДПМНЕ има личности кои размислуваат поинаку од првиот човек на партијата, повикувајќи ја партијата да го смени ставот за уставните измени „за земјата да не се изолира и да не се враќа години наназад“.

Прочитајте и:  ВМРО-ДПМНЕ: Каранфилова Пановска е уште една продолжена рака на Заев во СДСМ

Од ДУИ ги повикаа Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ и да се поклонат пред споменикот на УЧК во Слупчане.

„Наместо да тонат во антиалбански и антиевропски сентимент, ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски треба да ги поддржат уставните измени, а наместо да се занимаваат со ДУИ, да се занимаваат со иднината на земјата“, велат „интегративците“ по повод обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ кон нивната партија и нивниот лидер Али Ахмети, како и бизнисите во неговата фамилија.

„Наместо секој ден да потонува во анти албански и анти европски сентимент, ВМРО ДПМНЕ треба да ја поддржи европска Македонија и уставните измени.

Наместо да се грижи за ДУИ, треба да се грижи за Северна Македонија.

Наместо да вади ретки архивски слики во маскирна униформа со празен калашников и жени и деца во испраќање во воен рок, да ја преведе веб страницата на партијата и на Албански јазик.

Наместо да повикува на војна сред Собрание пред цела јавност, да покаже доблест и да се поклони пред спомен кулата во Слупчане“, порачаа од ДУИ.

- Реклама -