Демократската унија за интеграција (ДУИ) најостро ја осудува тековната кампања на етничка дискриминација и „институционално чистење“ насочено против државните и јавните администратори, полицајците, здравствените работници и јавните службеници од албанска припадност.
Под превезот на лажниот патриотизам и реториката за „враќање на Македонија на Македонците,“ се спроведува систематски обид за деградирање и маргинализација на професионалци кои на оваа држава и служеле со лојалност и професионализам.
Вработените албанци, кои ја докажале својата посветеност кон институциите и граѓаните на оваа земја, се неправедно деградирани или отстранети од нивните работни позиции.
Оваа кампања претставува алармантен сигнал за поширока агенда која има за цел да ги наруши принципите на еднаквост и мултиетничка хармонија, кои се основа на Охридскиот рамковен договор.
Оваа организирана акција не е само навреда за Албанците – таа претставува напад врз самиот систем на државните институции.
Деградацијата на професионалци во полицијата, здравството и другите јавни сектори испраќа опасна порака: дека дискриминацијата може да стане институционализирана повторно.
Ја повикуваме Владата без легитимитет веднаш да ги запре овие практики, кои не само што се неправедни, туку и ја поткопуваат стабилноста и кохезијата на нашата земја.
Исто така, апелираме до меѓународната заедница внимателно да ги следи овие случувања, бидејќи тие претставуваат кршење на принципите на демократија, човекови права и еднаквост.
До оние кои ја организираат оваа кампања на поделба, прашуваме: Каква порака се обидувате да испратите до граѓаните на оваа земја? Дали тоа е порака дека различноста е закана, а не сила?
ДУИ отсекогаш бил и ќе остане глас и чувар на еднаквоста, правдата и единството.
Нема да молчиме додека се прават обиди да се поништи напредокот што го постигнавме низ годините.
До сите јавни службеници, полицајци, здравствени работници и администратори што се цел на оваа неправда, порачуваме:
Не сте сами. ДУИ е тука за вас, како и секогаш. Ќе се погрижиме вашето достоинство и права да бидат заштитени.
ДУИ