Судискиот комитет на УЕФА ја призна грешката на судијата да не досуди пенал на натпреварот од четвртфиналето на ЕП 2024 меѓу Германија и Шпанија (1:2).
За време на судиското надополнување, топката во шеснаесетникот удри во раката на шпанскиот дефанзивец Марк Кукуреља, но судијата Ентони Тејлор не досуди удар од белата точка.
На крајот „црвената фурија“ се пласираше во полуфиналето на шампионатот постигнувајќи гол во 119. минута.
-Во овој случај, одбранбениот играч го запира ударот кон голот со раката, која не е многу блиску до телото, па требаше да се досуди пенал, изјави претставник на Комитетот на УЕФА.
Репрезентацијата на Шпанија го освои Европското фудбалско првенство победувајќи ги Англичаните во финалето со резултат 2:1.