Два случаи на семејно насилство во Гостивар

СВР Тетово извести дека ноќеска во 2 часот и 50 минути после полноќ полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода А.Ѓ.(46) од Гостивар, кој бил пријавен дека во нивниот семеен дом физички ја нападнал неговата сопруга. Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Од полицијата и информација дека на 21.09.2024 во 23.25 часот полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода 30 годишниот гостиварец К.О.. Тој бил пријавен од неговата мајка дека околу 17.40 часот физички ја нападнал неговата баба и и одзел пари. Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.

Извор