Два уникатни модели на Zagato

Италијанската работилница Zagato во чест на 100-годишнината на компанијата Aston Martin, во заедничка соработка, изработи две ексклузивни спортски машини. Тие се развиени по специјални нарачки на клиенти од САД и Јапонија.

Во САД познатиот колекционер, Питер Рид, ќе добие DB9 Spyder Zagato Centennial. Тој е изграден врз основа на Aston Martin DB9 Volante. Дизајнот на машината е целосно во стилистиката на моделот DB7 Zagato, кој беше лансиран пред 11 години во серија од 99 примероци. Сите тие беа откупени уште пред премиерата на автомобилот на салонот во Париз.

362_zagato470-2

На надворешноста на автомобилот работел истиот тим инженери, кој го создал DB7 Zagato, а повторно на чело на проектот биле Андреја и Марела Загато. Овој пат во развојот учествувал и самиот Питер Рид. Иако со нов екстериер, машината не е променета технички. Таа повторно се потпира на 5.9-литарски, 12-цилиндерски мотор со 571 КЅ, и 6-брзински автоматски менувач. Забрзувањето од 0 до 100 km/h e 4,6 секунди, а максималната брзина достигнува 295 km/h.

Прочитајте и:  Истражување: Јапонците најмалку уживаат во љубовниот живот

889_zagato470-1

Другата модификација, наменета за анонимен клиент од Јапонија, е DBS Zagato Centennial. Тој е изграден врз основа на каросерија DBS што минатата година беше заменета од помоќниот Vanquish. Оваа верзија е исто така го задржала моторот со моќност од 571 КЅ од серискиот модел.

894_zagato470-3

Текстот е објавен во соработка со АвтоПлус

- Реклама -