Двајца македонски државјани повредени во сообраќајна несреќа во Албанија, возејќи мотоцикл удрија во заштитен ѕид.

Двајца македонски државјани, кои се движеле со мотоцикл по автопатот „Патот на Арбр“ во Албанија, претрпеле тешки телесни повреди откако удриле во заштитен ѕид на коловозот.

Според извори од албанската полиција, инцидентот се случил на делницата Маќелари – Булќиза, во близина на местото познато како „Мостот Череница“. При обид за непрописно претекнување, мотоциклот со скопски регистарски таблички изгубил контрола и удрил во ѕидот.

Почетно, двајцата повредени биле пренесени во болницата во Булќиза, каде што им била укажана прва помош, а потоа биле пренесени во Клиниката за трауматологија во Тирана за дополнителен и поспецијализиран третман.