Поранешните израелски премиери Нафтали Бенет и Јаир Лапид најавија заеднички политички настап на претстојните избори во Израел, со спојување на нивните политички партии, соопштува Анадолу. Според информациите од канцеларијата на Бенет, овој потег е прв чекор во процесот на, како што е наведено, „зајакнување на државата Израел“.
Партијата „Јеш Атид“ на Лапид и партијата на Бенет ќе се обединат во нова заедничка политичка структура, со Бенет како кандидат за премиер. Овој зафат има за цел да го обедини реформскиот политички блок, да ги намали внатрешните разделби и да создаде посилен опозициски фронт пред изборите, со акцент на освојување на власт и спроведување на најавените реформи.
Со оваа најава се отворува нова фаза на политичко здружување во израелската опозиција, која се стреми да се консолидира и да настапи обединето против владата на премиерот Бенјамин Нетанјаху. Парламентарните избори во Израел се очекува да се одржат во октомври.




