„Едно лице починало на самото место, а другото во гостиварската болница“, велат од СВР Тетово
Во сообраќајката што вечерва се случи на магистралниот пат Гостивар-Кичево, во која се судрија автомобил и камион, животот го загубија две лица, информираат од СВР Тетово.
Според првичнитее информации, несреќата се случила на три километри преед влезот во Гостивар во близина на неколку угостителски објекти.
Во тек е увид на местото на несреќата, а сообраќајот се пренасочува по околните патни правци, како и локални патишта.
Според СВР Тетово, се судриле патничко возило со гостиварски ознаки и камион со странски таблички.
„Едно лице починало на самото место, а другото во гостиварската болница“,
изјави портпаролот на СВР Тетово Фатмир Реџепи, пренесува МИА.
Претходно, АМСМ информираше дека овој патен правец е во целосен прекин.