Две девојчиња близначки исчезнале по пожарите во Грција, таткото ги бара

Две девојчиња, близначки, се појавуваат на една од снимките од пожарите во околината на Атина. Нивниот татко се уште ги бара.

Софија и Василики исчезнале кога огнот се приближил до нив. Оттогаш нивниот татко е во очајна потрага по нив, а капка надеж му дала една снимка од брод во Рафина. Тој, наводно, ги препознал своите девојчиња.

Нив им се губи трага откако избегале од имотот на бабата и дедото во Мати. Полицијата го истражува случајот, но снимката не е доволно јасна за да се утврди идентитетот. Сепак, таткото е сигурен дека се тие.

- Реклама -