Две години поминаа од колосалниот настан. Можеби не почувствувавте дека животите засекогаш ни се сменети – тоа што се случува таму горе на небото е од недофатлив карактер за нас овде на земјата; но тоа приземјување продолжува да постои, макар и како „блип“, некаде меѓу колективот атоми на универзумот. Се случи, и ние бевме живи кога се случи. И нé смени. Некои настани едноставно ја прогонуваат колективната човечка психа, а типот кој толку се испосра во тоалетот на авионот, што мораше принудно да слета е дефинитивно еден од нив.
Мала рекапитулација на настаните: Некој се посра на летот на Бритиш Ервејс кон Дубаи, па авионот мораше да заврти назад и да слета во Лондон. Еве што знаеме, од BBC:
• Лет на Бритиш Ервејс бил приморан да се врати заради „смрдливо гомно“
• Авионот летал од Хитроу до Дубаи, на ден четврток – лет долг 7 часа
• Абишек Сачдев – еден од патниците, твитна: „Лудо. Нашиот лет до Дубаи се врати назад на Хитроу заради смрдливо гомно во тоалетот“
• Изјавата на Сачдев за BBC: Пилотот соопшти дека има потреба од сениорскиот кабински екипаж, и знаевме дека нешто не е океј… Околу 10 минути подоцна, соопшти: „Можеби забележавте дека од еден од тоалетите доаѓа прилично продорен мирис“… Рече дека е „ликвиден фекален екскремент“. Со тие зборови
• Авионот бил во воздухот само 30 минути пред да мора да се врати
• Следниот лет бил за 15 часа, па патниците морале да бидат сместени во хотел и таму да преноќат (обврска на авиокомпанијата)
• Претставник на Бритиш Ервејс изјави: „Кога си на таа висина, кабината е компресирана, па таквата ситуација (лошото гомно) всушност претставува здравствен и безбедносен проблем, бидејќи само 50% од воздухот се рециклира и прочистува“
Па ете, знаеме што се случи: Некој толку лошо се испосрал, што го загрозил воздухот во авионот. Го знаеме и резултатот: Патниците преспаа една ноќ во хотел. Знаеме и што следеше; Многу неодговорени прашања и мистерија што ќе мачи генерации.
На пример:
Која е пилотската процедура кога се решава дали да го вратиш авионот назад и да слеташ зашто некој се испосрал низ целиот тоалет?
Океј, го гледав Sully. Sully, ако не сте го гледале, е филм за тивок белец кој слетува авион во река. Го прави тоа затоа што авионот удира во јато птици малку по полетувањето, моторот откажува, и после нема доволно гориво за до аеродромот или до друг аеродром во близина. Па така, Сали – главниот лик во Sully се вика Сали – многу внимателно го урива авионот во реката. Филмот е ужасен, патем. Можеше да биде многу кул филм – доволно ќе беше само тип што е у стил „СЛЕТАВ АВИОН ВО Е*ЕНА РЕКА И СИТЕ ПРЕЖИВЕЈАА, А ВИЕ ШТО ИМАТЕ НАПРАВЕНО?!“ цели два саата, ама не, мораше да се претвори во тоа глупото патриотско „Америка е најдобра!“ срање, а на крајот на филмот да излезе вистинскиот Сали (вистинскиот пилот според кој е снимен Sully, и според кој главниот лик го носи името Сали – исто така се вика Сали) и вистинските патници да му заблагодарат и да му аплаудираат… И така, тоа што можеше да биде супер филм се претвори во сентиментална повраќаница. Америка.
Како и да е, главното нешто што го научив од Sully е дека во итни ситуации и во моменти на одлука, кога судбината на авионот и патниците е доведена во прашање, пилотите мораат да прават многу брзи и одлучни одлуки, и да останат многу кул и смирени. Сали од Sully успева во тоа, и тоа е и причината што има филм насловен Sully. Пилотот од летот Хитроу-Дубаи исто така остана кул, и затоа зборуваме за тоа и ден денес.
Ама која е процедурата? Дали стјуардесите на авионот морале прво да направат детален увид во тоалетот? Во кој момент решиле да ја ескалираат таа информација до пилотот? Има ли специјален авијациски код за оваа ситуација? „Г-не, жал ми е што ве вознемирувам: имаме сериозен 104 во тоалет број 5“, можеби? Дали пилотот се обратил до контролата на летање за совет? „Еј луѓе, ние, овај… ах… имаме вид на… ерм… Слушајте, ќе бидам искрен: Некој овде стварно лошо се испосрал. Тоалетни супстанци насекаде. Мислам дека не е кул да го дишиме тоа. Може да се вратиме?“ И тогаш се слушнало крчење од другиот крај на радиото, и после долга, долга пауза, некој на земјата рекол: „Да, веројатно е најдобро да се вратите, другар. Не можеме да дозволиме таа количина на срање да се прелева наоколу таму горе“.
Нема ли сведоци?
Во дизајнот на Боинг 747-400 предвидени се 31 тоалети, иако постојат варијации од шема до шема. На 416 патници, тоа е добар „тоалет:потребители од тоалет“ сооднос. Но ако бројот на тоалети макар и малку се промени заради други поприоритетни нешта (прочитав во спецификациите на еден Боинг 747-400 дека има само 7 тоалети), знаеме што се случува тогаш: тоалетите се малку, и се претвораат во мали, тесни, чудни места. Тешки се за навигирање за мочање или серење во најголем дел од случаите; башка тоа невообичаено жолто светло… Со други зборови, ти треба повеќе време да завршиш работа во авионско веце – обавуваш природна работа во непозната и неприродна средина.
Па така, помислете на редицата од луѓе што се формира во услови на недоволен број тоалети, плус екстра времето потребно за да се исереш во авионско веце – и добивате нешто што е познато како „голема редица“.
Додека леташ со авион, фокусот ту лута залудно. Или пробуваш да се фокусираш на филм, или се преправаш дека си еден од оние кои можат да читаат книга додека се во авион – и веднаш заспиваат, или само зјапаш во задниот дел од седиштата и чекаш да ти стигне храната. Тоа е чуден свет, отсечен од сé и без никаква котва што некако го (по)врзува за земјата. Сега си застанат во ред за веце. Поминато е веќе доста време. Ги анализираш лицата на сите други луѓе што чекаат пред тебе и зад тебе во тој ред, од чиста досада.
Зборот ми е: Уште се сеќавам на двајца од луѓето зад мене додека чекав да мочам на последниот мој лет во октомври. Мислиш дека човекот на летот Хитроу-Дубаи, кој бил прв на ред да влезе во тоалетот по „дубајскиот серач“, мислиш дека тој не знае кој е серачот? О, знае и те како. Некој на тој авион, некој таму, знае кој е типот што се испосрал.
Како се одвивал состанокот на Бритиш Ервејс?
Само замислете ги сите тие раководители на компанијата од висок ешалон, костумосани и во здолништа, како се расправаат доцна навечер во слабо осветлена аеродромска канцеларија, со збунети и истовремено нервозни фаци на лицата. Некој сигурно се буни: „Океј бе луѓе, толку патници да сместиме во хотел заради едно гомно? Озбилни сте?“
Што јадел серачот непосредно пред да се посере на авионот? (за да знаеме да не јадеме ние)
Минатата година, на ланската годишнина од испосраниот авион, шпекулирав (истиот линк од горе) за идентитетот на серачот, обидувајќи се во CSI стил да дадам општа слика за напаѓачот – и реков дека имам генерално чувство дека веројатно е маж. Жалам заради тоа. Многу, многу жени оттогаш ме контактираа за да ми кажат за таканреченото „серење за време на циклус“ – уникатен начин на женско серење што звучи многу лошо. Тоа сознание ми ги поби претходните калкулации. Ми останува само да заклучам дека полот на серачот не може со сигурност да биде одреден. Можеме само да шпекулираме за исхраната на човекот што го приземји авионот со своето гомно.
Можни теории: многу, многу Гинис пиво и кари; Харибо гумени бонбони без шеќер; „шведска маса“; средно печено пилешко; имам прочитано на некои ментол бонбони дека се екстремно лаксативни, ваљда во големи дози, па можеби серачот само изел фантастична количина ментол. Мораме да востановиме и дека имало и некаков дигестивен дефект – гомното било: 1. екстремно смрдливо, и 2. не целосно во тоалетот. Безбедно е да се заклучи дека човекот што го исрал обично не сере така. Безбедно е да заклучиме дека и денес – две години подоцна – уште се срами од себе заради тоа. Но која е комбинацијата на храна што го предизвикала тоа?
КОЈ Е СЕРАЧОТ?
Веќе немам појма. Ова ќе ме проговнува до гроб. Многумина ме наведуваа на разни траги, ама никогаш не ме доведоа до нешто конкретно. Само празни обиди по профили на Фејсбук, залудно пребарување на „check-in“-и тагирани со „Dubai“, потраги по имиња кои не постојат. Еден тип тврдеше дека го знае серачот, но дека може да ми ги каже само универзитетот на кој има завршено и каде пораснал. Никогаш нема да знам… Никогаш нема да знаеме… Ќе полудиме на голата карпа на љубопитството.
Ако си ТИ, те молам, те молам пријави се за интервју со мене. Ветувам апсолутна анонимност. Нема да ги известам властите. На луѓето што ги интервјуирам им приоѓам со емпатија. Фин сум. Кревам на непознати броеви. Не мора да ти го знам името. Само сакам да ги знам емоциите: паниката, очајот, како изгледа престојот во хотел на таква кобна ноќ, кога се чувствуваш како криминалец. Како, од денешна перспектива, се чувствуваш околу тоа? Подготвен ли си да зборуваш за тоа што се случи? Те молам, авионски серачу, те молам, контактирај ме. Тука сум. Те молам реши ми ја мистеријава, да не морам истово да го правам и следната година, на третиот јубилеј.
Joel Golby, за Vice