Две лица тешко повредени во несреќа на патот Гостивар – Градец

МВР информира дека вчера (10 август) во 17.30 часот во Полициската станица Гостивар било пријавено дека на регионалниот пат Гостивар – Градец, во близина на село Добри Дол, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „Пежо“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од С.Џ. (19) од село Калиште, и патничко возило „Фолксваген туран“ исто така со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Б.А.(40) од село Топлица.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле двајцата возачи, а констатирани во Медицински центар Гостивар, соопшти полицијата.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Гостивар.

Извор