Две недели протести против полициската бруталност (видеа)

Две недели протести против полициската бруталност (видеа)Веќе две недели, во Скопје континуирано се одржуваат протести против полициската бруталност. Она што почна како спонтан собир на твитер заедницата во знак на револт против недостигот од информации за момчето убиено на плоштадот „Македонија“ (Мартин Нешкоски), полека прерасна во граѓанско движење што бара одговорност и реформи во МВР.


Две недели протести против полициската бруталност (видеа)На најжешкиот ден во 2011, 19 јуни, приближно илјада луѓе се собраа зад спомен куќата на Мајка Тереза, точно на пладне, за да го проследат концертот пред големиот протест по улиците на главниот град. Химната на протестите беше отпеана при крајот, а е дело на т.н. Локални патриоти од градскиот парк. Песнаа се вика – Сите на протести!!

{vimeo}25315353{/vimeo}
Во текот на протестниот марш, бројот на учесниците варираше, но остана релативно висок, кога станува збор за настан што не е организиран од партиски или економски побуди, туку од граѓански.
Две недели протести против полициската бруталност (видеа)Протестната поворка се движеше од збирното место кон булеварот „Климент Охридски“, па потоа до пред Владата на Република Македонија, па до судот, потоа до републичкото собрание, за на крајот да се врати онаму од каде што започна.
Две недели протести против полициската бруталност (видеа)Претходниот ден, претседателот на држава, Ѓорѓе Иванов, ги призна заложбите на граѓаните што протестираат, испраќајќи отворено писмо. Во исто време, пред грст медиуми, на непозната локација се појави мистериозна млада девојка која никој не ја видел на протестите. Таа се претстави себеси како претставник на „младите што протестираат“ и најави протест против политичка партија. Дел од транспарентите на вчерашниот протест ѝ беа посветени токму нејзе.
Две недели протести против полициската бруталност (видеа)Две недели протести против полициската бруталност (видеа)Две недели протести против полициската бруталност (видеа)Две недели протести против полициската бруталност (видеа)

Две недели протести против полициската бруталност (видеа)Две недели протести против полициската бруталност (видеа)Две недели протести против полициската бруталност (видеа)Две недели протести против полициската бруталност (видеа)

Поглед низ валканото ветробранско стакло на еден градски автобус

Две недели протести против полициската бруталност (видеа)Две недели протести против полициската бруталност (видеа)Две недели протести против полициската бруталност (видеа)

Силното сонце предизвикува поспаност

Две недели протести против полициската бруталност (видеа)Две недели протести против полициската бруталност (видеа)Две недели протести против полициската бруталност (видеа)Уште од 14 јуни протестите ги следи и Ведат Џимшити, фоторепортер фриленсер, кој моментално ја покрива оваа приказна за Њујорк Тајмс и Ал Џазира. Додека бил во Албанија следејќи ги политичките превирања, чул за протестите против полициската бруталност и решил дека вреди да се покријат.
Две недели протести против полициската бруталност (видеа)Ведат, кого пријателите го знаат како Вуди, е Албанец од Косово, кој уште на рана возраст се преселил во Англија каде го завршил своето образование. Денес тој се смета себеси за граѓанин на светот и покрај тоа што професионално ги покрива настаните, ја изрази и својата поддршка за каузата за којашто протестираат скопјани.

{vimeo}25317691{/vimeo}
Протестите продолжуваат и денес, 20 јуни, во 18 часот, зад спомен-куќата на Мајка Тереза во центарот на Скопје.

- Реклама -