Две несреќи во Гостивар со тешко повредени лица

МВР информира дека вчера (1 август) во 10.00 часот во Полициската станица Гостивар било пријавено дека на ул.„Никола Парапунов“ во Гостивар, четирицикл со гостиварски регистарски ознаки, управуван од 48 годишниот гостиварец И.Т. излетал од коловозот. Во несреќата возачот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница Гостивар.

Исто така вчера, во 13.50 часот во Полициската станица Гостивар било пријавено дека на крстосницата од ул.„Живко Брајкоски“ со ул.„101“ и ул.„Бранко Станојевиќ“ во Гостивар се случила сообраќајна несреќа помеѓу моторцикл без регистарски ознаки, управуван од А.Н.(22) од Р.Италија и патничко возило „бмв“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од В.И.(33) од Гостивар. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил моторциклистот, констатирани во Општата болница Гостивар, извести МВР.
Во двата случаи извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Гостивар.

Извор