Секој пропаднат студент пред да се реши да се откаже од сите понатамошни обиди за студирање, се повикува на фактот што Бил Гејтс го сторил истото токму пред да ја подигне својата империја. Истоветно, секој што сонува да стане писател, им раскажува на своите пријатели како Џ.К. Ролинг се борела со сиромаштијата пред да стане еден од најбогатите автори на планетава. Типични „Пепелашка“ приказни, нели? Погрешно! Проверете зошто.
Секој пропаднат студент пред да се реши да се откаже од сите
понатамошни обиди за студирање, се повикува на фактот што Бил Гејтс го
сторил истото токму пред да ја подигне својата империја. Истоветно,
секој што сонува да стане писател, им раскажува на своите пријатели
како Џ.К. Ролинг се борела со сиромаштијата пред да стане еден од
најбогатите автори на планетава. Типични „Пепелашка“ приказни, нели?
Погрешно! Проверете зошто.
Џ.К. Ролинг
Приказната која му се продава на светот од PR менаџерот на писателката е дека се работи за самохрана мајка која подолго време била на работ на егзистенцијата, живеејќи на социјална помош и која успеала одеднаш да се издигне од пепелта, испишувајќи една од најуспешните серии книги во историјата.
Она што заборавиле да ви го кажат е фактот дека Ролинг не се родила во колиба за потоа едвај да се издигне од сиромаштијата, туку целото двегодишно „преживување“ било дел од нејзиниот бизнис план.
Ролинг била учителка која го напуштила работното место кога родила дете. Подоцна, наместо да почне да бара работа, одлучила да седи дома, да зема социјална помош и да ја пишува својата книга. Никој не вели дека работењето и одгледувањето дете како самохран родител не е тешко, но не е невозможно. Многумина го сториле, а и натаму го прават. Но, Ролинг одлучила да пишува, со аванс од граѓаните на Велика Британија. Дополнително, таа добила и уметничка стипендија од владата (кога социјалната помош не била доволна) што е настан без преседан кога се работи за непознат автор.
Можеби Џ.К. Ролинг минала 2 години во „партали“, но таа своерачно ги одбрала парталите од ексклузивна продавница.
Бил Гејтс
Бил Гејтс го напуштил колеџот, а денес спие на пари. Неговата приказна им се продава на сите кои сакаат да веруваат оти умот и напорната работа ви се доволни за да издигнете бизнис империја, без да обрнете внимание на образованието.
Она што забораваат да ви го кажат е фактот дека Гејтс се отпишал од Харвард, а не од некој мал, анонимен факултет. Второ, на американскиот стандардизиран приемен, Гејтс имал резултат 1590 од можни 1600 поени. И натаму е неспорно оти се работи за генетски модифициран генијалец… чии родители имале средства да го пратат да студира на Харвард.
Всушност, неговите родители имаат голем уддел во неговиот успех. Татко му кој бил успешен адвокат и мајка му која потекнува од богато семејство, му овозможиле да посетува неколку елитни претшколски установи, а кога бил мал, му купиле компјутер на кој тој ги напишал првите програми, останувајќи буден по цели ноќ. Имајте на ум оти се работи за доцните 60-ти и раните 70-ти, па имањето компјутер би било еквивалент на имањето хеликоптер во денешно време.
Од друга страна, Гејтс не го напуштил Харвард зашто не можел да постигне, туку затоа што не му бил доволен предизвик. Харвард во тоа време немал доволно развиена компјутерска програма и Гејтс се почувствувал како колеџот да не му дозволува да го развие бизнисот во полниот потенцијал.
А еве и каде Бил Гејтс го употребил својот интелект за да го создаде модерниот оперативен систем. Поточно не! Бил Гејтс му платил на друг програмер 50 илјади долари за неговиот изум MS DOS. Потоа го однел оперативниот систем во неколку компјутерски компании како IBM и натаму… ја знаете приказната.
Никој не вели дека Бил Гејтс не работи напорно, тој е познат како еден од најголемите работохолици на светот, но, суперинтелигентно дете од семејство од повисоката средна класа не е исто со типичната „Пепелашка“ приказна како која се претставува неговата биографија. Ќе беше импресивно доколку Бил Гејтс почнеше како сираче во дом, но голема е веројатноста оти таа приказна ќе завршеше поинаку.