СВР Тетов информира дека вчера (4 август) во 8.20 часот во гостиварска Горна Бањица, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода Р.Е.(63) затоа што физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија.
Полицијата известува и дека вчера во 18.25 часот на локален пат за гостиварско Здуње, полициски службеници од ОВР Гостивар го привеле С.Ф.(51) затоа што агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија.
Двете лица биле задржани во полициска станица за понатамошна постапка и против нив ќе следува соодветен поднесок.