Ова се фотографии од трката Baltimore Grand Prix Indy Lights. Направени се од истиот фотограф, на интервал од точно една секунда, со рачна камера, при брзина од околу 96+ км/ч.
Самиот тој факт што ова му успеало на фотографот, прави човек да се посомнева во веродостојноста на фотографиите, или барем приказнава зад нив. Од друга страна, искусните фотографи што висат по трки ќе ви потврдат дека тоа не е толку недостижно за човек да не може да го направи. Кога тоа ви е работа и кога ќе се наместите во истата позиција, и особено ако имате добар фотоапарат, многу често ќе успеете да ги фатите автомобилите/формулите во истата позиција, бидејќи возат по прилично иста траекторија и со исти брзини влегуваат во свиоците. Другиот аргумент што практично ја докажува легитимноста на фотографииве е човекот што се движи во позадина покрај патеката.
Како и да е, пак сé се сведува на тоа дека ова е страшно импресивно. Прво, реткост е два тркачки автомобила да се на точно 1 секунда растојание, па уште и вие да се најдете на правата позиција за да ги сликате. Второ – нивото на детали на приложенава коинциденција – дури и буквите на гумите се речиси на истата позиција. Плус, такви се и на двете гуми – предната и задната, кои знаеме, работат независно една од друга. Со еден збор, вакво нешто не се гледа многу пати во животот.