СВР Тетово информира дека вечерва (12.09) во 21.20 часот било пријавено дека на магистралниот пат Гостивар-Кичево се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило ,,БМВ” со регистерски таблици од Демир Капија, управувано од Б.Х.(54) од Гостивар и влекач ,,Сканија” со косовски регистерски ознаки, управувано од А.Т.(60) од Косово.
„Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Б.Х. кој починал на лице место и сопатникот Т.Р.(53) од Гостивар кој бил префрлен во ургентен центар во Гостивар каде им подлегнал на повредите. Возачот на влекачот се здобил со телесни повреди.“, извести порпаролот на СВР Тетово, Фатмир Реџепи.
Увид на лице место врши екипа од ОВР Гостивар заедно со Јавен обвинител.