Две ѕвезди, еден фустан: На која и стои подобро?

Во денешниот моден двобој се соочија две прекрасни ѕвезди и една црвена страст.

Битката се води меѓу топ моделот Ирина Шајк и пејачката Рита Ора, а причината што ги поврза на едно место е црвениот  фустан, дело на модната куќа Versace.

Прва во овој фустан се појави Ирина, и тоа, по повод вечерен настан организиран од Vogue, во рамките на Неделата на модата во Париз. Тогаш убавицата ја искомбинира дизајнерската облека со црвени кадифени потпетици, а косата и беше стилизирана во фризура со патец во средината.

i1 i2

Рита пак се појави со облеката само два дена подоцна на првата аудиција за новиот X Factor. Таа сепак за разлика од Ирина го искомбинира фустанот со долги црвени чизми.

r2 r1

Што мислите, на која и прилега повеќе?

- Реклама -