Џенифер Анистон ќе се венча во март?

Изгледа дека Џенифер Анистон конечно одлучи кога да се омажи. Магазинот „People“ објави дека венчаницата и прстенот се веќе купени.

„Ќе биде тоа мала церемонија со нивните најблиски пријатели“, кажал извор близок на 44-годишната актерка.

Jennifer-Aniston-and-Justin-Theroux

Џенифер Анистон се вери со Џастин Теру во август а парот планира да се венча веднаш после снимањето на филмот на 8-ми март.

317116_jennifer-aniston--justin-theroux-foto-reuters_f (1)

„Ѕвездата на „Пријатели“ е луда за Џастин и едвај чека да му стане сопруга“ открил изворот за „People“. „Таа дури и планира да го земе неговото презиме. Постојано се шегува како Џенифер Теру звучи отмено“ раскажал изворот.

Нејзиниот пријател додал дека актерката покрај Џастин се чувствува подобро од кога и да било. Иако на доделувањето на Оскарите фотографите го уловиле моментот во кој тој заштитнички ја ставил раката на нејзиниот стомак, сепак гласините за бременост не се вистинити.

„Таа сака дете со Џастин, но тоа не е нејзината првична цел. Џен никогаш не мислела дека децата се гаранција за среќен живот. Би сакала, но нема да биде разочарана ниту доколку не се случи тоа. И ваквиот живот со џастин доволно ја исполнува.“

Џенифер во моментов работи на снимањето на филмот кој се уште нема официјален наслов, а чија приказна се заснова врз приказната од романот на Елмор Леонард, „The Switch“.

- Реклама -