Џиновска планета во нашиот сончев систем?

ТајкиВо нашиот сончев систем се крие џиновска планета. Планета која никој ја нема видено, иако е четири пати поголема од Јупитер и има прстени и месечини во орбитата. Така барем тврдат двајца астрофизичари.

Името на планетата е Тајки (Tyche). Научниците се Џон Матиз и Даниел Витмајр од Универзитетот од Луизијана во Лафајет кои велат дека оваа огромна планета се крие во Ортовиот облак – групата астероиди од кои е составена надворешната граница на сончевиот систем, со радиус од една светлосна година. Тие тврдат дека податоците од WISE телескопот на NASA го потврдуваат постоењето на оваа планета. Сè што ни преостанува е детална анализа на податоците која би траела околу две години.

Матиз и Витмајр се убедени дека Тајки навистина постои. Ако навистина постои, тогаш оваа масивна планета би се наоѓала на одалеченост од околу 15.000 AU (растојанието од Сонцето до Земјата) од Сонцето, поради што би била примарно составена од водород и хелиум. Планетата како и останатите планети во сончевиот систем би орбитирала околу нашето Сонце, а околу неа би орбитирале голем број месечини. Тајки дури би имала и умерена температура, околу -73 степени целзиусови, споредено со околните астероиди, чија температура е речиси апсолутна нула. Витмајр вели дека оваа разлика во температурата е бидејќи на титан како Тајки би му требало подолго време по формацијата за целосно да се излади.

Прочитајте и:  Нови снимки од Јупитер, веројатно најдобрите досега

Дали Тајки ќе биде деветтата планета во нашиот систем, по падот на Плутон? Ако неговото постоење е најпосле потврдено, неговиот статус како планета во сончевиот систем не е гарантиран. Причината: Според теориите на астрономите, Тајки би можел да биде планета настаната околу друга ѕвезда која била заробена од Сонцето или пак би можело да се работи за кафеаво џуџе. Но, без разлика како и да биде класифицирана, возбудлива е помислата дека би можеле да имаме нов сосед. [Up telescope! Search begins for giant new planet]

- Реклама -