ДЗС: Се преземаат мерки за превенција од поплави

Дирекцијата за заштита и спасување организирано со субјектите од системот за заштита и спасување презема мерки и активности за превентивно делување за заштита  од поплави. За таа цел донесени се заклучоци, меѓу кои и за навремена и континуирана соработка за состојбата со водотеците, обврските кои произлегуваат од законот за заштита и спасување и уредбата за спроведување на мерката заштита и спасување од поплави.

Како што информираат од Дирекцијата, во таа насока веќе се спроведе Координативен состанок со надлежните институции за превенција од можни поплави во просториите на Дирекцијата за заштита и спасување, по иницијатива на директорот Џеват Селами со директорот на А.Д. Водостопанство, Филип Филиповски, директорот на Управата за хидрометеролошки работи, Игор Лазаровски и претставници на институциите.
-Од состанокот произлегоа конкретни заклучоци за навремена и континуирана соработка за состојбата со водотеците, обврските кои произлегуваат од законот за заштита и спасување и уредбата за спроведување на мерката заштита и спасување од поплави. Првенствено во заедничка тимска активност, согласно оперативните планови ќе бидат посетени сите критични точки низ држават и извидување на состојбата на терен каде досега се евидентирани можни појави на поплави.Директорот на Дирекција за заштита и спасување ги задолжи сите подрачни одделенија за заштита и спасување при ДЗС да реализираат координативни состаноци со сите субјекти на локално ниво, каде прецизно ќе бидат договорени и превземени активности за сезоната која следи, се вели во денешното соопштение.
Следната активност е Кампања под мото „Превенција и подготвеност за опасноста ПОПЛАВА’’. Вработени од Дирекцијата за заштита и спасување од 18 септември започнаа со организирана превентивна активност на критичните региони каде во изминатиот период имало појава на поплави, преку спроведување на едукација, информирање и подигнување на свеста за заштита од заканите од поплави со предавање пред наставниот кадар и најранливата категорија-децата во основните училишта.
-Согласно планот и динамиката целта на кампањата е пред ученици на основните училишта да се презентираат основни пораки за тоа како да се однесуваме во случај на поплава и  што треба да се направи. Се распределуваат прирачници  и безбедносни совети за најмладите како да се постапи пред, за време и по поплавите. Дирекцијата за заштита и спасување континуирано ќе продолжи со  кампањата согласно подготвениот План и динамика за намалување на заканите од поплави се до опфаќање на повеќе училишта во државата, вклучувајќи ги и критичните подрачја во градските и руралните средини, велат од ДЗС.

Извор