Ѕвездите на доделувањето на „Златните Глобуси“

Познатите холивудски актерки и дами од шоу-бизнисот се потрудија по црвениот килим да се прошетаат во најдоброто можно издание, а за тоа дали успеале и дали нивните фустани му доликуваат на гламурозниот настан, секогаш е тука модната критика.

Jennifer Lawrence се појави во фустан од колекцијата висока мода на Dior. Вистински, јасен и точен избор за манифестација од ваков тип. Топлата боја оплеменета со металик елементи на појасот, во комбинација со непретенциозен моден додаток ја прави оваа комбинација фантастичен пример за модната девиза – помалку е повеќе.

1jennifer

Megan Fox во Dolce&Gabbana го направи вистинскиот избор со фустан од деликатна тантела, едноставни форми украсени со накит од розеви корали. Добриот избор ја постигна саканата цел, особено имајќи предвид дека со ова Меган во својата модна еволуција успеа да го помине патот од лошо до совршено облечена ѕвезда. Поените се постигнати!

2meganfox

Jessica Alba се појави во гламурозен фустан кој е потпишан од еден од водечките американски дизајнери Oscar della Renta. Естетиката препознатлива за Jackie Kennedy, сѐ уште не „попушта“ и после толку години. Одлично вклопена со чанта и накит кој потсеќа на златните години во Холивуд, и со тен на боја на маслинка, направија Алба да биде една од ѕвездите кои блескаа вечерта.

3jessicaalba

Anne Hathaway се одлучи за фустан од уште еден великан помеѓу модните дизајнери -Karl Lagerfield. „Chanel“ е фустанот кој го носеше на доделувањето на Златните Глобуси, а креацијата само зборува за рафинираниот талент кој го поседува Лагерфилд, навидум едноставен фустан да го направи автентичен и вонсериски гламурозен. Со тренди крој со проширени линии на колковите, се постигнува совршена силуета која блеска на црвениот килим. Кратката црна коса која е дел од имиџот на нејзиниот нов филм, допринесе за прекрасниот изглед. Особено е интересно и тоа што Ен Хатавеј немаше ниту едно парче накит на себе, а сепак изгледаше гламурозно.

4annehathaway

Jennifer Lopez се одлучи за фустан на Zuhair Murad, занаетчиско, мајсторско везење на свила кој ги истакна баш сите атрибути на познатата пејачка. Изборот на боја на кожа е секако еден од новите класици кога се зборува за постигнување на гламурозен ефект. Деталите се внимателно вклопени тон со тон, така што Џенифер остави одличен впечаток кај модната критика. Сепак, за фустани од ваков тип постои и еден моден совет. Доколку тантелата не е од овој ранг, и доколку немате потполно иста фигура како Џенифер… не го правете ова во домашни услови.

5jenniferlopez

Jessica Chastain се одлучи за фустан на Calvin Klein. Тој е еден од најуспешните американски дизајнери кој зад себе има повеќедецениско искуство, но пред сѐ во опуштен стил. Оттука и нема да ве зачуди тоа што фустанот не ја постигна саканата цел, изгледаше преширок и недефиниран за на црвен килим. Подобро би се вклопил на некоја помалку формална забава. Сепак, за среќа, Џесика поради тоа не остана без Златен Глобус.

6jessicachastain

Kate Hudson се појави во фустан на Alexander McQueen кој е вистински доказ дека наследството од еден така голем, талентиран моден визионер и понатаму трае. Заводливиот пресек на деколтето и златниот декор кој ја украсува формата на фустанот одлично и прилега на актерката. Останува да размислуваме само дали поколниот McQueen би бил целосно задоволен со појасот.

7katehudson

Taylor Swift во фустан на Donna Karan предизвика различни коментари кога позирајќи за фоторепортерите неволно го покажа градникот со боја на месо, кој покажа дека фустанот дефинитивно не бил правен по мерка. Гламурозната форма сепак не ги постигна саканите резултати на црвениот килим.

9

8taylorswift

 

- Реклама -