Една четвртина од жените глумат оргазам секој пат

Се чини дека Мег Рајан не е единствената жена која изглумела убедувачки оргазам. Според нова анкета повеќе од една четвртина од жените признаваат дека глумат оргазам секој пат кога имаат секс.

Статистиката беше откриена во Great Male Survey 2012 на AskMen.com во која биле анкетирани 50.000 луѓе од Америка, Британија и Австралија. Посреќни 30 проценти од жените кои биле анкетирани рекле дека никогаш немале потреба да глумат. Но тие не се сами. Преку една третина од мажите признале дека глумеле климакс барем еднаш.

Всушност, 40 проценти од мажите рекле дека биле само „делумно задоволни“ од нивните сексуални искуства но има „простор за подобрување“ а несреќни 22 проценти од анкетираните мажи одговориле „немам сексуален живот“. Дваесет и пет проценти од жените „воопшто не биле задоволни, поради квалитетот на сексот“ а 27 проценти одговориле дека „немаат сексуален живот“.

Прочитајте и:  „Што носеше кога сама си го бараше?“

Резултатите од анкетата покажале и интересен однос кон врските. Здебелувањето е вистински проблем. Дури 67 проценти од жените рекле дека би раскинале со дечкото ако се здебели а ист одговор дале и повеќе од половина од мажите. Спротивно на популарното мислење, само 44 проценти од жените веруваат во брак споредено со 70 проценти од мажите.

Демонстрирајќи дополнителна циничност кај жените една третина признале дека го проверуваат компјутерот и телефонот на нивниот дечко за да го контролираат. Жените немаат доверба ни во контрацептивните таблети – 73 проценти од мажите рекле дека ако има машка верзија тие би ја користеле но повеќе од 50 проценти од жените не веруваат дека маж би запамтил такво нешто.

- Реклама -