Една чаша вино е еднаква на еден час во теретана?

Дали е ова можеби премногу добро за да биде вистинито?

Ако може да и се верува на студија направена на темата колку е здраво црвеното вино, вашето тело може да „профитира“ од чаша вино, исто колку и од еден час вежбање во теретана.

Нормално, сме слушнале сите дека чаша вино за вечера е здраво, но повеќето од нас никогаш не размислувале што тоа „здраво“ значи.

The Latin Times пренесе дека истражувачите од канадскиот универзитет Алберта  (Canada’s University of Alberta) заклучиле дека магичната состојка во црвеното вино е ресваратол кој исто така се наоѓа и во оревкастите плодови, како и во грозјето. Овој комплекс ја зајакнува работата на срцето, функцијата на мускулите и коските, исто колку што тоа би го направило и заминувањето во теретана.

Прочитајте и:  „Бела Вода“ на „Tikveš Château & Domaines“ прогласено за најдобро вино од земјава на Open Balkan Wine Trophy Competition во Белград

Научниците го тестирале ефектот на ресвератолот на глодари, а следна група на тестирање биле дијабетичари.

За жал, ова се однесува исклучиво на црвеното вино, и тоа, квалитетното.

Исто, бидете внимателни со консумирањето, виното ќе биде корисно само доколку испиете една чаша. барем според ова истражување.

- Реклама -