„Синиот Јасмин“ е социјална и семејна драма на Вуди Ален во која што доминираат општествениот статус, иронијата на животот, просторот оставен за кртитика, сожалување, осуда или сочувство, но верувале или не, тука доминира и модата.
Додека од срце ви го порачуваме филмот за овој викенд поради неговата импресивна тема и содржајни ликови, во денешната статија ќе се задржиме само на стајлингот на главната хероина, која што ја толкува Кејт Бланшет.
Наспроти немаштијата, таа не може да се одрече од својот префинет стил.
Во продолжение ќе ве поштедиме од многу зборови и ќе ги оставиме фотографиите да говорат.