Едноставен трик: Разладување на станот без клима

Ова е идеално решение за оние кои што немаат клима уред, како и за викендичка, апартман на море и слично.

Високите температури веќе стигнаа, а доколку немате клима уред, кој што ќе одржува пријатна атмосфера во станот, еве еден едноставен трик.

Се што ви е потребно е вентилатор, вода и сол. Набавете шест мали флаширани води и во секоја сипете по две до три лажици сол, а потоа ставете ги во ладилник.

Наутро извадете ги и ставете ги пред вентилатор, а под шишињата најдобро би било да поставите послужавник.

Кога и да го користите овој метод, потребно е да ја оставите водата во фрижидер да преноќи.

- Реклама -