Едноставни „кујнски“ трикови за да ги избркате мравките од домот

Дојде пролет, а со неа дојдоа и мравките во нашите домови. Сепак, тоа не значи дека ќе морате да прскате отрови. Обидете се прво на поприроден начин, со следниве трикови и „оружја“.

ЦИМЕТ

Мравките не го сакаат мирисот на цимет и го избегнуваат.

Посипете цимет во прав на местата каде што мравките се појавуваат. Кога ќе сфатат дека целата куќа е „забарикадирана“ со цимет, ќе избегаат надвор.

НАНЕ

Мравките бегаат и од мирис од нане. Ставете кесичка чај од нане на местата каде мравките обично влегуваат. Тоа ќе ги држи подалеку од вашиот дом.

ОЦЕТ

Помешајте алкохолен оцет со вода, ставете ја смесата во пластичен распрскувач, и напрскајте насекаде каде што ќе ги забележите мравките. Ако е потребно, повторувајте ја постапката неколку дена, додека мравките не си заминат.

ГРИЗ

Посипете гриз (може и крупно мелен ориз или пченка) на местата кои ги посетуваат мравките. Кога мравката ќе изеде зрно гриз, потоа тоа ќе набабри, убивајќи ја мравката. И така сé додека ги снема.

ЛИМОН

Како и оцетот, лимонот многу им пречи на мравките. Помешајте го со вода и попрскајте по главните места каде што се собираат мравките.

- Реклама -