„Ајде фестивалот“, во организација на општина Аеродром, а чиј покровител е Хајделберг факултетот во Скопје, вечерва ќе го има своето прво издание со почеток од 20 часот во паркот „Васко Карангелевски“. Настанот ќе изобилува со забава, едукативни и хуманитарни содржини.
За одлична забава на присутните ќе бидат задолжени DJ Goce (SAF), Пајак, Blackhole band, DJ Tina, Music Lab Concert и Ivan Ajnstajn.
На музичкиот дел му претходат неколку едукативни настани во организација на Хајделберг Факултетот во Скопје.
Од 16 часот во просториите на Факултет ќе се одржи едукативно – информaтивниот настан “Прашај го Цајтел! #ГЕРМАНИЈА_ДОМА! ” – информативен состанок и дружење со претседателот на Управен одбор на Хајделберг Факултетот во Скопје, проф.д-р Улрих Цајтел и идните студенти и нивните родители.
Покрај дружбата, присутните студенти ќе имаат можност да се пријават и за учество на “Хакатон за вешти умови” којшто ќе се одржи во месец септември и ќе има за цел пријавените студенти да покажат што знаат преку дружба, смеа и позитивна енергија и да научат многу нови работи. Ќе учествуваат 12 натпреварувачи, 6 од областа на Податоци и компјутерски науки и 6 од областа на Бизнис администрација – банкарство, осигурување и контролинг.
Од 18 часот ќе започне „Хајделберг саем за млади и компании“ кој претставува своевидна платформа каде присутните ќе имаат можност да се информираат за идни можни вработувања, како и да ги запознаат производите и услугите кои присутните компании ги нудат на таа популација.
Фестивалот е инклузивен и хуманитарен, во него учество ќе земат и здруженијата “ВО МОЈ СВЕТ” и АЦТ фондација и ХУМАНИТАРНИ АКЦИИ.МК, но и Општина Аеродром кој безрезервно дадоа своја поддршка кон афирмација на овој уникатен фестивал.
Во понудата на фестивалот вклучено е и одлично домашно крафт пиво од Темов и германска традиционална кујна како би понудиле на гостите едно поинакво гурманско доживување.
ХАЈДЕЛБЕРГ ФАКУЛТЕТ ВО СКОПЈЕ