Олимпиецот Ефремов ја завршува кариерата на 22 години

Единствениот македонски претставник на изминатава Олимпијада во Лондон кој успеа да забележи резултат подобар од своите дотогашни постигнувања, атлетичарот Кристијан Ефремов, е на размислување да стави крај на својата спортска кариера.

Ефремов, како што вели во изјава за „Дневник“ веќе не гледа смисла во тоа да се биде спортист во Македонија затоа што според него нема ниту на повидок некакво позитивно навестување за подобрување на условите за работа во иднина.

„Сериозно размислувам да ставам крај на моето спортување. Условите за атлетика во Македонија се мизерни. Не добивам веќе долги години никаква финансиска помош, а трошоците за тренинг самиот ги покривам. Иако осум години во овој спорт едноставно не може да се продолжи на ваков начин. Едноставно, доста ми е од сѐ“  вели за „Дневник“ Ефремов, кој е најсериозниот македонски кандидат за исполнување на олимписка норма за ЛОИ 2016 во Рио де Женеиро.

Прочитајте и:  Пол ги демантираше гласините: Борбата со Тајсон не била наместена

Пред само три месеци од атлетиката се откажа и една од најдобрите македонски атлетичарки Ивана Рожман, само како дополнување на плејадата спортисти во индивидуалните спортови кои поради мизерните услови во земјава се одлучуваат да се откажат од спортот.

- Реклама -