„Ефтеркланг“- совршениот звук на Македониумот

Една година откако „Ефтеркланг“ ја започна потрагата по македонски музичари, со кои го составија големиот ансамбл и го изведоа заедничкиот перформанс пред споменикот „Македониум“ во чест на симболот на архитектонскиот споменик за слобода и независност, бендот се врати во Скопје, таму каде што и започнаа, во Младинскиот културен центар и ја направија премиерата на документарниот филм „Efterklang: The Makedonium Band“. Премиерата на филмот беше дел од отварањето на 23 тото издание на меѓународниот фестивал на европски филм „Синедејс.

-Се враќаме во Скопје една година откако го снимивме Македониум бенд и овојпат се овде ни изгледа познато и убаво. И тоа е она што ми паѓа на ум кога ќе помислам на Македонија и на МКЦ. Она што е различно сега, една година подоцна, е тоа што сега знаеме многу повеќе луѓе, музичари и го знаеме МКС и Скопје. Се е некако поинтимно. Ова е веќе место кое ни е блиско. Се трансформира во нешто што ни е драго и познато. Понекогаш запознавате некого, но тоа не е само запознавање обично, туку знаете од почеток дека е нешто повеќе. Ние ги запознавме овие луѓе преку музиката, научивме нешто за македонската музика и за сите овие луѓе со кои свиревме. И тоа за мене е навистина посебно. Тоа е магијата на музиката. Голема чест е да се биде дел од „Синедејс“ и да се има можност да се прикаже филмот пред македонската публика за прв пат. За мене ова е најважната премиера на овој филм. Прикажувањето пред луѓето каде филмот е направен- вели за Трн Андреас Џонсен.

Прочитајте и:  Затворање на МОТ со хит перформанси „СЀ ШТО Е ВАЖНО“ Грција и кабарето „Танцот на смртта“ Украина

Филмот ја документира потрагата данскиот состав на група македонски музичари преку еден прекрасен, непосреден и шармантен начин и нивната патувачка турнеја низ Македонија која за вршува со концерт во Крушево пред Македониумот. Нивен водич и локална инспирација во оваа авантура е уредникот на музичка програма во МКЦ, Владиа Младеновски – Грга кој им помага во процесот на регрутација на членови на новиот мета состав кој ќе го наречат „Ефтеркланг: Македониум бенд“

Младински културен центар се јавува во улогата на продуцент, преку својата логистичка и организациска поддршка на целиот проект.

Средбата меѓу Ефтеркланг и многуте талентирани музичари кои се приклучуија на проектот донесе взаемна отвореност и великодушност, што го прави „Ефтеркланг: бенд Македониум“ потресен, топол потсетник за обединувачката моќ и природата на музиката што ги крши границите.

Светска премиера „Eфтеркланг: Македониум бенд” беше во март 2024 на фестивалот „CPH“ во Копенхаген, Данска. Филмот на фестивалот имаше две проекции, по што следеа и два настапи на музичкиот состав чиј наслов го носи и самиот филм.

Македонската промоција на отварањето на Синедејс беше посебно доживување за членовите од бендот и за нивните пријатели, музичари од земјава, но и за публиката која уживаше во приказната за музиката, нејзината безвременост, уникатност и магија.

- Реклама -