Египетските археолози ископале 20 насликани саркофази

Египетските археолози откриле повеќе од 20 дрвени саркофаги во близина на градот Луксор, на нив се уште се видливи остатоците од јаки бои со кои што тие биле насликани.

Саркофазите биле откриени во некрополата Асасиф лоцирана на западниот брег на реката Нил. Тие биле распоредени во два реда, еден над друг, пренесува Би-Би-Си.

Египетското Министерство за антиквитети откритието го нарече „едно од најголемите и најважните“ во последните години.

Повеќето гробници во некрополата Асасиф датираат од доцниот период (664 – 332 п.н.е.) од антички Египет.

Меѓутоа таму постојат и саркофаги од раната 18-та династија (1550 – 1229 п.н.е.), на кои припаѓале и познатите фараони како Хатшепсут, Аменхотеп 3-ти и Тутанкамон.

Министерот за антиквитети минатата недела објави дека археолозите откриле античка „индустриска област“ во западната долина на Луксор во која се наоѓале „објекти за складирање и чистење на погребална опрема, исто така и грнчарија која што и припаѓа на 18-та династија.“

- Реклама -