Во разговорите со премиерот на Северна Македонија, Зоран Заев, грчкиот премиер Киријакос Мицотакис ја истакна важноста на договор од Преспа истиот да се испочитува ако земјата сака да ги започне преговорите за пристап со Европската унија. Пренесе грчикот „Екатимерини“.
Мицотакис и Заев имаа приватна средба на маргините на Самитот во Солун 2019 година, деловен настан организиран од Федерацијата на индустрии на Грција. Пренесува весникот.
Според извори за весникот, двајцата разговарале за неодамнешната одлука на Европскиот совет да не го одобрат започнувањето на преговорите за пристапување во ЕУ со Скопје, главно поради ветото од Франција.
Мицотакис ја потврди поддршката на Грција за проширувањето на ЕУ за вклучување на земјите од Западен Балкан, велејќи дека ова ќе го зајакне мирот, стабилноста и просперитетот во поширокиот регион.
Двајцата, наводно, се согласиле дека зајакнувањето на добрососедските односи и регионалната соработка се основните критериуми за сите фази на пристапниот процес, но и за подобрување на билатералните врски.
Повеќе ТУКА.