Изборот е толку прост. Барем според економистите Лена Едлунд и Евелин Корн. Двете високо почитувани економистки создадоа метеж во академските кругови неколку години претходно кога ја објавија „Теорија на проституцијата“ во „Журналот на политичката економија“.
Сопруга или
проститутка?
Изборот е толку
прост. Барем според економистите Лена Едлунд и Евелин Корн. Двете високо почитувани
економистки создадоа метеж во академските кругови неколку години претходно кога
ја објавија „Теорија на проституцијата“ во „Журналот на политичката економија“.
Статијата беше извонредно прифатена од повеќето големи весници затоа што ги
сметаше воедно сопругите и проститутките како „економски добра“ кои можат да
бидат заменети. Мажите купуваат, жените продаваат.
Економистите ги
изедначувале парите и бракот уште од времето на економистот/нобеловецот Гери
Бекер, кој ја објавил својата статија „Теорија на бракот“ уште во 1973 година. Бекер ги
искористил аналализите на пазарот за да ги преиспита прашањата кој, како и
зошто стапуваме во брак. Неговите заклучоци? Селекцијата на партнерот е пазар и
бракот се случува само ако тие се профитабилни за двајцата инволвирани
партнери. Бекер дозволил
немонитарани елементи, како романтична љубов и дружење да бидат внесени како
профит или пак загуба. Сепак, децата биле истотака важни.
„Сексуалната градификација, чистењето, хранењето и
останатите услуги можат да бидат купени, но не и децата. Мажот и жената се
должни да создадат сопствени деца и можеби да ги одгледаат“ – пишува Бекер.
Основната разлика
помеѓу моделот на Едлунд и Корн, и од друга страна Бекер е репродуктивниот
секс. Сопругите можат да го понудат, проститутките не. Едлунд и Корн
признаваат дека сопругите и уличарките не се слични. Сопругите се економски посупериорни
и имаат осет за трошење кое се наголемува пропорционално со доходот. Ова
објаснува зошто проституцијата е помалку застапена во богатите земји.
Останува размислувањето
дека сопругите и проститутките се(ако не и вистина) како Кока Кола и Пепси, односно
нешто налик на шампањ и пиво. Истородна работа.