Експерт за светска здравствена акредитација ја издвои клиниката „Жан Митрев“ како синоним за врвна експертиза, доверба и грижа

По неодговорени дијагнози во Австралија и Германија, Слободанка Здравева своето чувство на сигурност, доверба и адекватен одговор го пронашла во клиниката „Жан Митрев“ во Скопје.

Нејзиниот личен опит е силен доказ за квалитетот на медицинските услуги и односот кон пациентите кој оваа здравствена установа го гради со години. Како професионалец со увид во функционирањето на болници и здравствени системи низ светот, Здравева во клиниката „Жан Митрев“ препознава извонредна стручност, високо ниво на организација и искрена посветеност кон секој индивидуален пациент.

„Како некој што ги анализира здравствените системи глобално, не го изрекувам ова лесно: она што го искусив во клиниката ‘Жан Митрев’ во Скопје беше извонредно. Не само во медицинската услуга, туку и во културата, тимскиот дух и хуманоста. Препознавањето на извонредноста е едно, но чувствувањето на истата кога е најважно е сосема друго“, вели во нејзиното сведоштво.

Во своето излагање, таа истакнува дека уште од првиот момент забележала разлика во работењето на целиот тим, кој демонстрираше прецизност, сигурност и човечка грижа, што оставило силен впечаток. Посебно ги нагласува хирургот, анестезиолошкиот тим, персоналот од интензивната нега, болничките оддели, медицинските сестри и сите здравствени стручњаци кои биле дел од нејзиниот третман.

Прочитајте и:  Судијата ја исклучи ВАР собата за пеналите на Вест Хем

Не станува збор само за успешно извршена медицинска интервенција, туку за комплетно искуство во кое пациентот се чувствува безбедно, смирено и вистински згрижено. Тоа искуство ја истакнува клиниката „Жан Митрев“ како еден од најдобрите здравствени центри — место кое не го мери квалитетот само преку медицина и технологија, туку и преку работната култура, тимската синхронизираност и човечноста.

Кога вакво признание доаѓа од личност која професионално ги оценува стандардите и квалитетот во здравството на меѓународно ниво, тогаш тоа добива посебно значење. Сведоштвото на Слободанка Здравева е дополнителна потврда дека клиниката „Жан Митрев“ гради доверба преку знаење, искуство, посветеност и грижа, кои пациентите несомнено ги препознаваат и паметат.