Експлодираше фабрика во Турција

Најмалку петмина загинале, а 16 лица се повредени во експлозија во фабрика за бои во градот Гурсу, во Бурса, Турција.

Надлежните служби ги испитуваат причините поради кои настанала експлозијата, а најверојатно се работи за грејно тело или бојлер. Поради експлозијата се срушил покривот во делот каде се продаваат боите.

Ниту еден од повредените не е во критична состојба, а опасност да се случи нова експлозија во моментов не постои.

- Реклама -