Експлозија во нуклеарна централа во Фламанвил во Франција

Пет луѓе се повредени во експлозијата што се случи утрово во нуклеарна централа во Франција.

Експлозијата се случила во нуклеарната централа на компанијата EDF во Фламанвил, а според првичните информации, нема нуклеарна опасност, наведува францускиот “Ouest-France”, повикувајќи се на локалната полиција. Официјалните лица потврдија дека нема нуклеарен ризик, пренесува Ројтерс.

Експлозијата избила околу 10:00 часот во салата со машини, а безбедносните служби од неколку центри во регионот Манш, каде што се наоѓа Фламанвил, се упатени на лице место, заедно со Итната помош.

Посебниот план за интервенција (PPI) не е активиран, бидејќи не постои нуклеарна опасност, соопштуваат општинските власти.

Противпожарните служби потврдуваат дека пожарот и експлозијата избиле во средишниот дел на централата, вон нуклеарната зона.

Од компанијата EDF засега не го искоментираа инцидентот.

https://youtu.be/MSHp2keFVy8

- Реклама -