Осудениот „крал на дрогата“ – Хоакин ‘Ел Чапо’ Гузман, кој се наоѓа зад решетки, објави дека планира да стартува моден бренд со неговото име и презиме.
Како што пренесува New York Daily News, Ел Чапо инспирацијата за новиот бизнис ја пронашол во своите 7-годишни ќерки близначки, а бизнисот наводно ќе го води неговата сопруга Емa Коронел Аиспуро. Како што најавува осудениот наркобос, облеката со неговото име наскоро би можела да биде достапна во САД и Мексико.
„Овој проект е идеја која јас и Хоакин ја развивавме долго време. Пред да отиде во САД, многу разговаравме на оваа тема“, изјави неговата сопруга.
Ел Чапо, еден од најголемите криумчари на дрога во историјата, минатиот месец беше прогласен за виновен за криумчарење наркотици, перење пари и нелегално поседување на огнено оружје.