Осум работни часови, 2-3 часа излегување и многу средби, контакти, состаноци. Колку време си посветувате на шминката секое утро? Непишано правило е дека „помалку е повеќе“ и дека минималната шминка е клучот за да не си го оптеретите лицето во текот на денот. Природниот изглед е секогаш ин, додека како предлог денес Ви прикажуваме елегантна дневна шминка во неколку чекори.