Овој елек е совршен за во лето. Ice Cube Vest не е именуван по раберот Ice Cube туку поради фактот што тој може да собере 96 коцки мраз на неговата внатрешност.
Вистинското име на производот е Flexi Freeze Ice Vest и истиот е совршен за разладување во жешките летни денови. Трите панели во внатрешност можат да се отстранат и содржат вкупно 96 коцки мраз и се најверојатно обложени со гел кој помага во задржување на температурата.
Елекот е дизајниран за лица кои работат во средини со висока температура, како на пример маскоти, или луѓе кои страдаат од здравствени проблеми кои предизвикуваат повишена чувствителност на високи температури.