Audi може да приреди едно од најголемите изненадувања на автомобилскиот салон во Франкфурт, со премиерата на целосно електричен концептен кросовер кој ќе го промени балансот во овој растечки и важен за сите компании пазарен сегмент.
Информациите се уште не е потврдена, но се претпоставува дека новиот кросовер ќе е изграден на платформата на предводникот Q7 и ќе е со дизајн кој ќе влијае на изгледот на сите електрични модели кои марката ќе ги претстави во наредните неколку години. Од Audi коментираат дека новиот концепт ќе е со „многу поаеродинамични форми“ во споредба со Q7. Се претпоставува дека сериската верзија на новиот модел ќе се појави на пазарот во почетокот на 2018 година и ќе користи технологии кои беа претставени со супер автомобил R8 e-tron, а најдобрата вест за клиентите ќе е дека со едно полнење новиот модел ќе може да мине речиси 500 километри.
Новиот модел на Audi ќе е директен ривал на Tesla Model X, но во Audi планираат да додадат уште верзии со електричниот – plug-in хибрид систем и дури опција со напојување со водород, тоа треба да се случи пред крајот на деценијата.
Според некои германски медиуми основната цена на новиот модел ќе е 80.000 евра, а за да се оправда излегувањето на пазарот возилото треба да постигне најмалку 100.000 продажби годишно на глобално ниво.