Електрични возила од Парискиот Саем за Автомобили

електрични автомобилиПарискиот Саем за Автомобили заврши во неделата на 17 октомври и како што се очекуваше, таму беа претставени неколку интересни концепти. Но, доминантната тема во сите седум хали била иднината на автомобилската индустрија која сè повеќе се ориентира кон производството на електрични возила. Еве ги осумте најинтересни електрични автомобили кои беа претставени оваа година.

Парискиот Саем за Автомобили заврши во неделата на 17 октомври и како што се очекуваше, таму беа претставени неколку интересни концепти. Но, доминантната тема во сите седум хали била иднината на автомобилската индустрија која сè повеќе се ориентира кон производството на електрични возила. Еве ги осумте најинтересни електрични автомобили кои беа претставени оваа година.

DeZir од Рено
електрични возила

Францускиот производител тврди дека „DeZir е доказ дека грижата за околината и љубовта кон автомобилите можат да постојат заедно.“
Автомобилот беше претставен во јули, и има многу позитивни страни: може да помине 159 километри со едно полнење, и забрзува од 0-100 километри на час за само пет секунди. Маната е што е само концепт, што значи дека може да уживаме во изгледот, но не можеме да се надеваме дека ќе ја возиме.

Smart ForTwo Electric Drive
електрични возила

Електричната верзија на Smart ForTwo поминува 128 километри на едно полнење, но максималната брзина е околу 100 километри на час.
Возилото е дизајнирано за урбана средина, што значи дека ако отсекогаш сте сакале да ја искомбинирате вашата грижа за околината со зголемена шанса да најдете паркинг простор, ова може да биде идеалниот автомобил за вас. Почетокот на масовното производство е закажано за 2012.

Twizy од Рено
електрични возила

Twizy е долг 2,28, широк 1,11 метри, има радиус на вртење од 2,7 метри, четири тркала и две седишта. Иако изгледа како скутер, Рено вели дека Twizy е наменет како „автомобил за луѓе кои живеат во град“. И покрај големината и подвижноста на скутер, доавањето на врати, безбедносни ремени и педали го прават возилото побезбедно, што значи дека е идеална алтернатива за големиот број електрични скутери кои се веќе во продажба.

C-Zero од Цитроен
електрични возила

Цитроен се појавува на електричниот пазар со C-Zero, автомобил дизајниран за градско возење. Базиран на моделот MiEV од Мицубиши, овој четворосед забрзува од 0-100 за 15 секунди и може да помине 129 километри со едно полнење. Батеријата целосно се полни за 6-7 часа, но може да се наполни до 80 проценти за само половина час.

Townpod од Нисан
електрични возила

Нисан го претставува овој електричен автомобил како „возило за познавачи“. Познавачи, или луѓе кои сакаат да се возат во автомобил кој изгледа како да е дизајниран за маскотата на Мишелин.
Тownpod е интересно дополнување за другиот електричен автомобил на нисан, Leaf. Идејата зад овој автомобил е разновидност: Возилото има осум врати, систем на седишта кои се собираат и внатрешен дизајн кој му овозможува на возачот да го менува по желба.

C30 DRIVe од Волво
електрични возила

Со способноста да помине повеќе од 150 километри на едно полнење и дизајнирање врз основа на резултати од студија која вели дека 90 проценти од возачите поминуваат помалку од 100 километри дневно, Волво го промовира C30 DRIVe како ново урбано возило.
Дизајниран за куси, дневни патувања, ова возило нема да може да ве пренесе преку големи растојанија (Волво ви препорачува да користите воз). Еелктричната верзија на C30 има максимална брзина од 130 километри на час и се полни за осум часа.

Cybergo од Induct
електрични возила

Како и повеќето возила на оваа листа, Cybergo е дизајниран за градско возење. Но за разлика од другите е што не е наменето за приватни сопственици. Всушност, не е наменето за возење.
Cybergo е автономно возило создадено како форма на јавен транспорт. Собира шест патници, а малите димензии ќе му овозможат лесно да маневрира во густи урбани средини, каде што големите автобуси имаат потешкотии. И иако изгледа премногу чудно за да успее, три примероци ќе започнат да функционираат во јавниот транспорт на Ла Рошел, Франција на почетокот на следната година.

Zoe од Рено
електрични возила

Со три автомобили на оваа листа, Рено се подготвува за голем исчекор на електричниот пазар. Со ZOE, компанијата, која од неодамна ја реновираше својата главна фабрика за еколошко работење, ги предизвиува сите останати. За разлика од DeZir и Twizy, ZOE дефинитивно ќе започне со сериско производство, и првите примероци се очекуваат во средината на 2012.
Има три опции за полнење на батеријата: 6-8 часа за целосно полнење, 30 минути за полнење до 80 проценти, и десет минутно полнење кое ќе ви овозможи да поминете 59,5 километри. Возилото има максимална брзина од 134 километри на час, и може да помине 160 километри со едно полнење.

- Реклама -