Електричните автомобили се сè почести на пазарот. Предноста пред автомобилите со агрегат со внатрешно согорување вклучува пристоен автономен потег, заштита на околината и се разбира, тишината.
Последното сепак води и до проблеми, бидејќи пешаците не слушаат кога се приближува таков автомобил. На оваа студија работат професионалци од Nissan, заедно со колеги од Peugeot, Citroen и Renault. Развиениот систем за безбедност го добил името eVADER. Принципот на работа е едноставен, штом автомобилот ќе регистрира човек кој влегува во зоната на препознавање од камерите се активира звук кој доаѓа од шесте столбови лоцирани во предниот браник.
При изборот на сигналот веднаш била исклучена можноста да се имитира некоја сирена, бидејќи експертите сметаат дека тоа е иритирачки. На крајот е избран звук кој е со пет децибели помал од звукот на регуларниот агрегат.
Системот за откривање на пешаците е монтиран експериментално врз Nissan LEAF со кој веќе се спроведени тестови, во кои технологијата добила добри оценки. Се очекува до 2019 година таа да биде на располагање на сите електрични автомобили во Европа.