Volvo Car Corporation започна тестирање на нов уред за брзо полнење на електрични возила, што ќе има потреба само од 1,5 час (90 минути), за да ги наполни батериите на 100%.
Тоа е околу шест пати побрзо од стандардните системи, кои имаат потреба од меѓу 8 и 9 часа за вакво нешто. За таа цел е потребна трофазна струја (32 ампери / 400 волти).
Новиот полнач (22 kW) ќе се нуди во прво време со моделот Volvo C30. За 30 минути ќе може да обезбеди капацитет за де се минат 80 километри, а за час и половина – целосното полнење на батериите. Во моментов верзијата Volvo C30 има потреба од струја со напон 220 волти и 8-9 часа за целосно полнење.
Претходно оваа година неколку компании објавија дека се подготвени за пласирање на универзален полнач што ќе може да ги полни 80% батериите на електрични возила за 20 минути. Во развојот на системот учествуваа производители како Audi, BMW, Chrysler, Daimler, Ford, General Motors, Porsche и Volkswagen.