Елен искрши шише од главата на Софија Вергара (Видео)

sofia-vergara-loves-every-diet-pepsi-sip-ellen (1)

Прекрасната актерка Софија Вергара во „шоуто на Елен“ доби задача успешно да изведе реклама за Пепси и покрај сите препреки кои таа и ги создаваше. Во видеото ќе видите како водителката крши шише од нејзината глава, летечки картонски птици, оперски пејач, истрели, и што уште не, но сепак, Софија некако успеа да се справи со сето тоа и да издржи храбро до крај.

sofia-vergara-ellen-degeneres-pepsi-fun
После завршетокот на предизвикот, 40-годишната актерка сакајќи да и се одмазди на Елен, започна да ја брка со штиклата во раце.

„Шоуто на Елен“ е познато по нејзините духовити задачи кои таа им ги задава на нејзините гости, па ниту овој пат не ги разочара нејзините верни фанови.

- Реклама -