Иако бракот се заснова на искреност, таа морала да сокрие од сопругот дека на текстилни материјали потрошила 50.000 евра.Поп ѕвездата Емина Јаховиќ неодамна го претстави својот парфем под името „Closer“ кој што девојките го прифатија одлично, но тука не сака да застане, туку да направи и сопствена модна колекција.
– Емина неодамна беше во Париз, каде што најде материјали за креациите на кои што работи во моментов. Кога и сооптиле дека материјалите чинат 50.000 евра, прилично се изненадила, но не и паднало на памет да ги врати. Само размислувала како ќе му соопшти на Мустафа колку пари потрошила. Затоа одлучила наместо од неговите пари, да потроши од оние на сопствената сметка, каде чува пари од настапи. Мустафа не знае колку пари вложила таа во овој проект, бидејќи ги скрила сметките, вели добро информиран извор.
Пејачката допрва ќе мора да потроши за да плати работници, машини и дистрибуција.