Црвен килим: Emmy Awards 2012

Наградите Emmy се одржаа по 64. пат традиционално и оваа година, а ѕвездите повторно блеснаа на црвениот килим. Погледнете ги највпечатливите пет креации кои беа забележени на церемонијата.

Кет Денинг во креација на Мендел

Кет Денинг беше една од првите ѕвезди која прошета на црвениот килим, и убедливо остави силен впечаток кај модната критика. Нејзината црвена тоалета ја претстави во вистинско светло – нималку вулгарно, а сепак женствено и привлечно. Златните нараквица и прстен беа одлични модни додатоци кои совршено се вклопија со брановидната фризура. За крај, црвениот кармин на усните во иста нијанса со фустанот го заокружија целокупниот изглед и го направија беспрекорен и гламурозен.

Хајден Панетиер во креација на Маркеза

Многу спротиставени реакции од модните коментатори се појавија околу Хајден и нејзиниот избор на фустан. Сепак, таа изгледаше фантастично. Златната тоалета сама по себе е прекрасна, но во комбинација со синиот шифон создаде одлична целина и направи оваа креација да биде уникатна на црвениот килим. Косата на Хајден беше собрана во пунџа, а накитот едноставен, оставајќи му на фустанот да се задржи во фокусот.

Џенуари Џонс во креација на Зек Поузен

Уште една од оние креации на кои не можете да останете рамнодушни. Фустанот сам по себе изгледа како уметничко дело со неговата скулпторска постава, драматичен волумен и уникатна текстура. Едно нешто е сигурно – овој црн фустан дефинитивно не е секојдневен. Таа не дозволи модните додатоци да го потиснат целокупниот изглед, па се одлучи за елегантни високи потпетици и минимална шминка, со цел фокусот да се задржи на фустанот.

Луси Лу во креација на Версаче

Има нешто посебно во тоа кога познатите личности се одлучуваат за ризични креации на црвениот килим. Оваа година тој ризик го презема Луси Лу, и црвениот килим го прошета во фустан со потписот на Версаче и со футуристичка нишка, а едноставното решение за косата – брановидно опавче од страна, помогна да се неутрализира целокупниот изглед.

Кели Озборн во креација на Зек Поузен

Иако Кели Озборн не беше номинирана во ниедна категорија за Emmy наградите, нејзиниот избор на црвениот килим беше полн погодок. Виолетовиот фустан одлично прилегаше на нејзината фигура, а едноставната и сепак шик фризура совршено се вклопи во изгледот. [Fashion Recap: 2012 Emmy Awards Red Carpet]

- Реклама -