Емотивен статус на Ангеловски пред првиот настап на ЕП: Оваа бајка ќе ја памтам до крај на животот, одиме по историја!

Никој во македонската фудбалска репрезентација не крие дека емоциите се на максимум, а тоа го потврди и селекторот Игор Ангеловски, на само пар часови до првиот настап на Македонија на Европско првенство во фудбал. Во емотивен пост на Инстаграм, тој посочи колку му значи оваа, како што ја нарече, „бајка, која ќе ја памти до крајот на животот“.

„Овие херои се изборија за почитта на секој граѓанин на Македонија денес да се чувствува гордо.

Денес цел свет ќе застене во чест на македонската химна.

Вие сте моите херои и оваа бајка ќе ја паметам до крајот на мојот живот.

Благодарам на целиот наш народ, без разлика на вера и нација, за поддршката.

Дечки, Ви благодарам и Ве сакам, одиме по историја“, напиша популарниот Мрме.

- Реклама -