Eн Хатавеј се појави на премиера облечена во ноќница

 

Во последно време не сме воодушевени од визијата на Ен Хатавеј.

Таа е одлична актерка, но нејзините модни настапи ги ставаат критичарите пред дилема.

Минатата недела ѕвездата се појави на црвениот тепих на доделувањето на Американските филмски архиви. За овој повод таа беше облечена во црн фустан со затворено деколте и должина под колената.

Додади опис
Моделот е на брендот Christopher Kane од колекцијата пролет / лето 2015. Визијата беше дополнета со класични црни чевли Christian Louboutin.

Но, пред два дена Ен Хатавеј имаше чудна визија на премиерата на филмот Interstellar.

anne-hathaway-(5)-142251-500x0 anne-hathaway-(4)-142252-500x0 anne-hathaway-(2)-142249-500x0

Таа беше облечена во долг темносин фустан со тенки прерамки и V-деколте. Моделот е дело на британскиот дизајнер Richar Nicoll.

Овие фустани дефинитивно не и прилегаат на нејзината фигура.

- Реклама -